Си Џинпинг: Предлогот на Пекинг за Украина ги одразува глобалните ставови

од Stefanija Kuzmanovska

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека предлогот на Пекинг за тоа како да се постигне мирно решение за Украина ги одразува глобалните ставови и посочи дека не е лесно да се дојде до прифатливи решенија.

„Сложените проблеми немаат едноставни решенија“, навел Си во написот објавен во „Руска газета“, пред денешната посета на Москва.

Претседателот на Кина потсети дека Русија е првата земја која ја посетил откако бил избран за претседател на Кина пред десет години и дека во изминатата деценија ја посетил Русија осум пати и дека секој пат, како што навел, „доаѓал со големи очекувања и се враќал со плодни резултати“.

Слични содржини