Сијарто за С. Македонија: По Велика Британија, ЕУ не смее да изгуби повеќе земји

од Nikola Popovski

Се повеќе земји од Западен Балкан треба да се приклучат кон Европската Унија, затоа што по Британците не можеме да изгубиме повеќе земји, изјавил денеска министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто на средбата со неговиот колега Бујар Османи.

Тој изјавил дека е фрустриран поради бугарската одлука да се блокира преговарачката рамка за Македонија.

„Секогаш се појавува некоја страна поради која преговорите не можат да почнат. Со години се водеа преговори со Грција и кога се постигна договор и помисливме се заврши тоа, се појавија Бугарите“, вели Сијарто.

Тој на новинарско прашање кои земји застанаа во одбрана на С Македонија вчера во Луксембург и дали навистина имало тензични рапсрави, потврди дека атмосферата била тензична, но оти не би сакал да потпалува поголеми огнови од она што е неопходно.

Oсмани и Сијарто денес официјално го отворија Почесниот конзулат на Унгарија во Штип.

„Овие нови канцеларии овозможуваат голем економски потенцијал и за унгарските инвеститори, но и потенцијал за домашните извозно ориентирани бизниси да ги искористат можностите на големиот унгарски пазар“, изјави Османи.

Слични содржини