Силен ракетен напад врз Ерусалим и Тел Авив, членовите на Кнесетот во засолништа

од Vladimir Zorba

Силни ракетни напади денеска ги погоди Ерусалим и Тел Авив, принудувајќи ги членовите на Кнесетот да одат во засолништа среде седницата.

Сирените за воздушен напад се огласија во Ерусалим и Тел Авив, а членовите на палестинската милитантна група Хамас од Појасот Газа лансираа ракети со долг дострел. Весникот „Тајмс оф Израел“ наведува дека тоа е веројатно најголемиот баражен оган од првиот напад на Хамас на 7 октомври.

Неколку силни експлозии се слушнале во двата најголеми града во Израел, но засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Седницата на Кнесетот на чиј почеток говореше премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху беше одложена, а пратениците и останатите присутни отидоа во прифатните центри.

Слични содржини