Силен земјотрес крај брегот на ГРЧКИТЕ ОСТРОВИ

од Vladimir Zorba

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на брегот на грчките острови во Средоземното море, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот бил на 50 километри југоисточно од грчкиот остров Ладос и 244 километри југоисточно од Ајдин во Турција.

Во соопштението се наведува дека земјотресот е регистриран на длабочина од 80 километри.

Жителите на островот Родос пријавиле дека почувствувале земјотрес.

Засега нема податоци за потенцијални жртви, ниту за материјална штета.

Слични содржини