Силјановска – Давкова: Изборниот законик не смее да се менува шест месеци пред изборите

од desk4

Изборниот законик, е толку важен закон што секогаш се вели дека треба да се менува односно не треба да се менува една година пред изборите, рече пратеничката на опозициската партија Гордана Силјановска Дафкова, на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на која денеска експресно се најдоа Измените на изборниот законик со 2% праг за собирање на потписи за независни листи на кандидати за локалните избори.

Силјановска – Давкова, смета дека Законикот не смее да се менува шест месеци пред изборите.

-Промената на изборниот модел е толку важна или изборните модели се толку важни за изборите во најголем број држави да се уставна материја. Зошто? За да не може да се менуваат лесно. Еве, ние што се занимаваме со изборно право велиме дека многу често се зборува за промена на изборниот систем, но дека е, всушност, тоа најпроменливиот дел од изборното законодавство. Што значи тоа? Дека е потребен широк консензус, рече Силјановска Давкова.

Предлог-измените на Изборниот законик ги предложија двете најголеми партии од власта СДСМ и ДУИ и двете најголеми опозициски партииа ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанциагте и Алтернатива.
Иако власта тврдеше дека Предлог – измените на Изборниот законик се во согласност со сите партии, сепак според бројот на поднесени амандмани се гледа дека за нив нема консензус.
Измените, меѓудругото, предвидуваат воведување на отворени листи, минимален праг од 3% за избор во општински совет како и минимален праг од 2% потписи од избирачите во една општина за кандидирање на независна листа. Малите партии и независните листи сметаат дека со тоа се намалува демократијата во земјата на сметка на „големите партии“.

Локалните избори најверојатно ќе се одржат на 17 октомври. Измените на Изборниот законите влегуваат во собранска процедура на само три месеци пред изборното соочување.

Слични содржини