Силјановска-Давкова: Мислам дека треба еднаш да го споменете името на државата, потоа да одите со Републиката

од Aleksandar Todeski

Професорката на Правниот факултет, Гордана Силјановска-Давкова говорот во Собранието за Законот за јавно обвинителство го почна со поука пратениците да гласаат по сопствено убедување.

Фото: Борче Поповски

„Бомбардирани сме од инфромации дека се разговара за потребното мнозинство, дека има разбирање за потребата на законот. Процедурата е гаранција за демократија, пратениците треба да се изборат за тоа. Се што е неформално, не води кон демократија, туку кон еден друг систем. Пратениците треба да гласаат по сопствено убедување“, рече Давкова.

Таа вели дека не требало овој Закон да се носи по скратена постапка и даде неколку забелешки, кои во главно се однесуваат на неколку ситници, но не и во суштината на Законот.

„Кога се споредува со Законот од 2007 година, гледам дека недостасува јазикот на кој ќе бидат напишани имињата на обвинителствата. Спорно е во Закон за дво-третинско да се упатува на Закон кој се носи со обично мнозинство, односно Законот за јазици. Мислам дека еднаш кога ќе го споменете името на државата во заграда да одите со Републиката, нема потреба папагалски да одите со Северна Македонија, тоа е уште болна тема за нас“, додаде Давкова.

А.Т.

Слични содржини