Силјановска-Давкова: Владата во оставка да не избегнува пратенички прашања

од Берта Китинска

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјаноска, вели дека е крајно невообичаено на седница за пратенички прашања да се констатира оставка и да им се оневозможи на пратениците да им поставуваат прашања на министрите.

„Зошто сум јас овде? Јас не знам, значи ако се закаже седница ќе ја констатираме но сакам да укажам на еден друг проблем за кој што мислам дека е актуелен, имено во членот 93 во ставот 5 јасно стои дека Владата на која е изгласана недоверба или која поднела оставка во случајот наш, или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието останува на должност до избор на нова Влада. Значи во правото постои институтот Влада во оставка. И Владата во оставка е Влада која што има одговорност. И јас сега укажувам на еден чуден феномен. Имено, од 24-ти јуни ние не сме имале пратенички прашања што значи дека не сме можеле да ја оствариме контролната функција во името на граѓаните. Според Деловникот односно одредбата во Деловникот вели дека пратенички прашања се поставуваат во последниот четврток во месецот“, додава Силјановска-Давкова.

Оставката на Заев вчера попладне стигна кај претседателот на парламентот, Талат Џафери. Премиерот во заминување во дописот до Џафери наведува дека нема да ја искористи можноста усно да ја образложи оставката пред пратениците.

Слични содржини