Силно невреме во Грција, маж загина во Солун (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Делови од Грција беа погодени од силно невреме. Еден човек загина во Солун кога водата предизвикана од силен дожд го однела неговиот автомобил.

Според грчката противпожарна служба, безживотното тело на мажот било пронајдено во западниот дел на Солун, додека потрагата по неговото возило се уште трае, пренесе Танјуг.

Атина исто така е погодена и од силно невреме, а неколку населени места во грчката престолнина останаа без електрична енергија.

Слични содржини