Силно невреме во Хрватска, поплавени подруми и улици (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Невреме проследено со силен дожд и грмотевици ја погоди областа Осиек во Хрватска попладнево.

Обилниот дожд поплави некои патишта и паркинзи, а Дирекцијата за цивилна заштита извести дека на улицата „Матије Гупча“, бурен ветер го разнесе покривот од третиот кат на блиската зграда на патот и на паркингот.

Добиени се неколку извештаи за поплавени подруми во оваа областа а на бројот 112 примени се повеќе од триста повици од граѓани за еден час, соопшти Дирекцијата за цивилна заштита.

Слични содржини