Симеоне: Успехот во ЛЕ е повеќе од трофеј

од desk4

  Тренерот на Атлетико Мадрид поради суспензија не можеше од клупата да го предводи својот тим во финалето на Лигата на Европа, но тоа не беше пречка неговите избраници на доминантен начин да стигнат до трофејот.

Шпанците синоќа со убедливи 3:0 го совладаа Олимпик Марсеј, а по освојувањето на титулата Симеоне му оддаде признание на неговиот тим и на Фернанд Торес, кој наскоро ќе го напушти клубот.

– Ова беше една сезона полна со предизвици, и мислам дека успехот во Лига Европа, е повеќе од трофеј. Зад нас останува напорна работа и огромна посветеност која е наградена со оваа голема победа. Сепак, сезоната не е завршена. Ние сакаме да победиме на последниот натпревар и да ја обезбедиме втората позиција на табелата, истакна аргентинскиот стручњак.

Тој упати посебна благодарност до Фернандо Торес кој наскоро го напушта Атлетико.

– Торес ја симболизира нашата филозофија. Остави голем наследство на овој тим. Се надевам дека во недела ќе добие испраќање какво што заслужува, потенцира Симеоне.

Слични содржини