Симовски: Од пописот ќе знаеме колку граѓани останале, но не и колку заминале

од Берта Китинска

Директорот на Завод за статистика, Апостол Симовски за ТВ 21 вели дека преку пописот индирекно ќе се дознае колку граѓани на Северна Македонија заминале во странство, но не и времето кога мигрирале.

-Ќе може преку регистрите да се утврди индирекно колку ја напуштиле земјата и колку не се овде.Овие податоци може да ги знаеме бидејќи имаме одредени податоци во базите, меѓутоа нема да знаеме кога заминале и каде, вели Симовски.

Симовски очекува резултатите од Пописот да се објават на 31 март според предвидениот рок и тврди дека се сè одвива според планот.

Слични содржини