Синот на Кристијано Роналдо потпиша со Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba

Синот на Кристијано Роналдо, Кристијано Јуниор, официјално потпиша договор со Манчестер Јунајтед, објави печатот на островот.

Најстариот син на португалската суперѕвезда дури и официјално беше претставен како играч на клубот и позираше во дрес.

Професионален договор со клубот ќе може да потпише дури кога ќе наполни 16 години, како што е правило во Англија.

Ова се случи само неколку дена откако неговиот татко на социјалната мрежа „Инстаграм“ објави видеа од заеднички тренинг на двајцата во тренинг кампот на клубот во Дубаи за време на зимската пауза во Премиер лигата.

Кристијано Џуниор позира со дрес на „црвените ѓаволи“ и симболичниот број 7 на својот татко, а со него сличен настап имаше и уште една млада надеж на клупската школа – Габриел, кој дури веќе има договор со „Најк“.

Слични содржини