Сите членови на СДСМ ни се потребни, вратите се отворени, вели Лукаревска

од Nikola Popovski

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска ги повика сите членови на СДСМ да се приклучат на партијата и дека во моментов сите им се потребни и дека вратите се отворени.

-Денес ќе избереме потпретседатели, Извршен одбор. Ќе има профили на луѓе од различно сфери на општеството ко секако се добро познати на јавноста. Обединувачкиот момент е тој кој што ќе биде главен предзнак на целиот состав на Централниот одбор и сметам дека со освежен и унапреден и силно оперативен тим ќе постигнеме следни резултати, рече Лукаревска пред седиштето на партијата.

Поранешната потпретседателка на СДСМ додаде ќе има нова политика во партијата, со што ќе се формира посебно тело кое ќе се занимава со креирањата на нови политики, ставови и анализи.

Слични содржини