Сите демонстранти приведени за време на протестите во Тбилиси се ослободени

од Vladimir Zorba

Сите демонстранти кои беа приведени за време на протестите на 7 и 8 март во Тбилиси поради административни прекршоци се ослободени, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Грузија.

Во соопштението за медиумите се наведува дека дел од уапсените се кривично гонети, додека другите се ослободени по притворот во согласност со законот, пренесе ТАСС.

Министерството напоменува дека продолжува со идентификување на лица кои ќе одговараат за насилство врз полициски службеници.

Слични содржини