СКОКА ОД КАРПА ВО МОРЕ, А ПОТОА ХИТ ПОРАКА: Ваков предизборен спот Хрватска се уште не видела (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Кандидатот на МОСТ на хрватските избори, Јакослав Ројница стана сензација со спотот каков што во таа земја се уште не е виден.

Снимката од 42 секунди започнува со кадар во кој Ројница во црно одело и бели чевли стои на карпа која е малку испакната во морето. Додека драматична музика свири во позадина, камерата истовремено кружи и се приближува до господинот на карпата.

Напнатоста расте, а во еден момент тој одеднаш скокнува од карпа висока неколку метри во морето и по неколку секунди тој испливува на површината.

Во следниот кадар, сè е многу помирно: Ројница седи на карпа, па се свртува кон камерата и накратко ја кажува својата порака: „Со нас ќе испливате од сите проблеми“.

Во преостанатите секунди од видеото, гласачите се повикани да „испливаат на 5.7“ и да го заокружат името на Јакослав Ројница на изборите.

 

Слични содржини