Скоро три милиони луѓе заразени со коронавирус починаа ширум светот

од Stefanija Kuzmanovska

Во светски рамки до понеделникот напладне починаа 2.938.200 лица заразени со коронавирус, а откако болеста се појави кон крајот на 2019 година биле заразени 136.136.954 лица. според информациите на Универзитетската болница Џонс Хопкинс.

Огромното мнозинство на пациенти се опоравува, но некои пациенти, а проценките за точниот број не се познати, имаат симптоми со недели или месеци, пренесува агенцијата „Франс Прес“ врз основа на податоците собрани од дневните извештаи на санитарните власти на одделни земји.

Само во неделата, имало 7.993 нови смртни случаи ширум светот и 601.284 потврдени новозаразени случаи.

Земјите кои потврдија најголема смртност се Бразил со 1.803 смртни случаи, Индија 904 и Италија 331.

Соединетите држави сè уште го држат несреќното прво место по бројот на починати- 562.066 смртни случаи на 31.197.872 заразени, според Џонс Хопкинс.

Слични содржини