Слаб земјотрес утрово го стресе Загреб

од Stefanija Kuzmanovska

Уште еден слаб земјотрес со јачина од 1,5 степени се случи во Загреб во 5.57 часот, пренесува „Индекс.хр“.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 10 километри северно од Загреб.

Земјотресот бил на длабочина од два километра.

Да потсетиме, во понеделникот наутро, нешто после 6.30 часот, Загреб го потресе уште еден мал земјотрес со јачина од 1 степен според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на девет километри североисточно од Загреб на длабочина од пет километри.

Слични содржини