Славата ја уништи: Користеше кокаин, рушеше рекорди во пиење вотка, беше во врска со брачен пар…

од Elena Daskalova

Кејт Мос наполни 46 години, но и понатаму останува еден од најплатените и најфотографираните фотомодели во светот.

Својата кариера ја започна уште на 14-годишна возраст, кога бил препознаен нејзиниот талент. Таа никогаш не се прилагодува на трендовите, туку останува верна на својот шик-винтиџ стил. Но, од друга страна, таа успева самата да дефинира трендови.

Во текот на нејзиниот живот ја следеа бројни скандали, често „заглавуваше“ на елитни забави, а беше позната по тоа што „може да шмркне три грама кокаин и да испие литар вотка во рекорден рок“. Беше во врска со Џони Деп, а по нивното раскинување нејзината зависност излезе од контрола. Често се зборуваше и дека заглавува во оргии.

Јавноста се сеќава на нејзината афера со Сејди Фрост, тогашна сопруга на актерот Џад Лоу, кој подоцна им се придружил во тројка.

За една кампања на Келвин Клајн, таа позирала полугола со Марк Валберг, по што имала психолошки слом, бидејќи ѝ било непријатно да се разголи покрај него.

Секако, побарала и помош во една лондонска клиника, но и таму ја запалила својата соба, заспивајќи со запалена свеќа.

Но и покрај се, таа и понатаму останува запаметена како еден од најуспешните и најбараните модели во светот.

Слични содржини