Словенија: 24 починати, 426 заразени, нема олеснување на мерките

од Nikola Popovski

426 нови случаи на коронавирус се потврдени во Словенија, што е 19,4 проценти од 2.200 тестирани, соопшти денеска словенечката влада. Во последните 24 часа, 24 пациенти починале како резултат на компликации со коронавирусот, пренесува порталот „24UR“.

Во моментов има 1.205 лица во болница, од кои 196 се на интензивна нега. Во моментов, повеќе од 24.300 случаи се активни, а во последните седум дена, просечниот број на инфекции бil 1.967.

Според експертите, вирусот е во фаза на раст, поради што не се очекува ублажување на постојните мерки во блиска иднина.

Досега, Словенија прими повеќе од 33.000 дози вакцини, додека денес треба да пристигнат уште 16.000 вакцини од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“. Како што е најавено, секој понеделник во Словенија ќе пристигнуваат по 16.000 вакцини.

Слични содржини