Словенија и Грција се за воведување на „ковид пасоши“

од Берта Китинска

Словенија изрази поддршка за „ковид пасоши“, додека европските министри денеска започнаа дебата за идејата, иницирана од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави словенечката агенција СТА.

Гашпер Довжан, државен секретар на Министерството за надворешни работи за европски прашања, ја поддржа идејата за европски сертификати за вакцинација, кои, како што рече, може да зајакнат четири европски слободи во согласност со принципите на правото на ЕУ, соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи.

Грците бараат „ковид пасоши“

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис предложи воведување на стандардизирани сертификати за вакцинација за да се овозможи непречено патување во рамките на ЕУ. Сепак, ова е многу чувствителна тема која покренува голем број прашања, досега неодговорени. Меѓу другото, сè уште не е утврдено дали вакцинираните лица можат да го пренесат вирусот. Извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, минатата недела изјави дека сè уште нема веродостојни податоци и дека повеќе ќе се знае на почетокот на февруари.

Слични содржини