Словенци газди на скоро пола од недвижнините на хрватското крајбрежје

од Vladimir Zorba

Според последните податоци, во Хрватска има 249.243 станови за одмор и рекреација, a 110.000 Словенци имале недвижнини во оваа земја, пишува Вечерњи лист.

Откако Хрватска влезе во Европската унија, најголем интерес имало за купување станови и апартмани на крајбрежјето, а Словенците од 2013 година до денес купиле 9.439 недвижнини.

Словенците уште за време на поранешна Југославија, во која странци не можеле да купуваат недвижнини, туку само граѓани на југословенските републики, купувале голем број викендички на Крк, а најмногу Словенци има во општината Добрињ.

По Словенците, од 2013 до минатата година најмногу недвижнини во Хрватска купувале државјани на Германија, Австрија, Италија, Шведска, Унгарија…

Државјани на Германија од 2013 година до денес во Хрватска досега купиле вкупно 4.969 недвижнини, најмногу станови и апартмани. По нив следуваат Австријците, кои во Хрватска поседуваат 2.867 недвижнини. Следни се Италијанците со 1.612 недвижнини, а петти се Швеѓаните со 1.232 недвижнини купени од 2013 година до денес.

Слични содржини