„Смрдливи суштества, што правите?“: Пригожин бесен по нападот со дронови врз Москва (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Евгениј Пригожин, шефот на руската паравоена платеничка компанија „Вагнер“ и олигарх кој своето богатство го стекна преку врските со Кремљ, го загуби трпението по нападот со дронови врз Москва, за кој Русија ја обвини Украина.

„Смрдливи суштества, што правите? Вие сте стока. Излезете од вашите канцеларии. Зошто им дозволивте на овие дронови да долетаат до Москва?“, викаше Пригожин во видео-објавата во која очигледно мислеше на руското министерство за одбрана.

Како што претходно беше објавено, украинските власти негираа директна вмешаност во нападот со дронови во Москва, каде две лица побарале лекарска помош, но за нивните повреди не била потребна хоспитализација, а имало и помали оштетувања на неколку згради.

Михаило Подољак, советник на началникот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, ја негираше директната вмешаност на Киев во нападот со дронови врз Москва, но сепак рече дека „Украина уживала да го гледа тоа“ и предвиде нови такви напади во поголем обем.

Слични содржини