Снимен драматичен момент: Руски тенк пука кон украински ТВ снимател (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Се појави видео од првите денови од војната во Украина на кое може да се види руски тенк кој пука во правец на украинскиот ТВ снимател Серхиј Килимник.

Војната во Украина започна на 24 февруари 2022 година, а во март професионалниот ТВ снимател Серхиј Килимник снимил драматичен момент кој дури сега осамна на Интернет. На видеото може да се види како руски тенк оди по улицата и во еден момент пука директно во спратот на зградата во која се наоѓа Килимник.

Тој тогаш користел аматерска камера со која успеал да го сними неверојатниот момент на нападот. Нападот се случи во првите денови од војната во Украина. Снимката е направена во Бороѓанск, во регионот на Киев.

„Сè се сруши врз мене. Имав таков наплив на адреналин што не ни знаев што се случи. Сакав да снимам, бидејќи мислев дека ако луѓето видат што се случува овде, ќе заврши побрзо“, изјавил Серхиј.

Слични содржини