Со 101 глас „ЗА“ пратениците ја изгласаа потребата од носењето на Предлог – законот за минималната плата

од Берта Китинска

Со 101 глас ЗА, ниту еден против и без воздржани пратениците ја изгласаа потребата од носењето на Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за минимaлна плата во Република Северна Македонија.

Со предлог законот кој се носи по скратена постапка минималната плата ќе изнесува 18.000 денари.

Предлог законското решение, треба да ги помине собраниските комисии за труд и социјална политика и законодавно – правната комисија.

Договорот за покачување на минималецот беше постигнат во понеделникот вечерта (7 февруари), по неколку дена разговори меѓу Сојузот на синдикати на Македонија, Владата и организацијата на работодавци.

Слични содржини