Со блокада на уставните измени, Мицкоски сака да „избоксува“ предвремени избори!

од Destan Jonuzi

Не постои можност лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да попушти и да се реши за промена на Уставот и процедурата за внесување на Бугарите во Прембулата и другите барање на Албанските опозициони партии, смета политичкиот коментатор Оливер Ромевски, коментирајќи ја дебатата за можната подршка на опозициските пратениции на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени.

– Мицкоски низ пример покажаа дека никои од сегашниот состав на пратенициите на ВМРО-ДПМНЕ ќе попушти и ќе застане на промена на Уставот и процедурата за внесување на Бугарите, и некои други заедници во Прембулата, како и другите барање на Албанските партии. Генерално тоа се должи на ставот дека Мицкоски го повторуваше неколку пати истиот во изминатиот период и тоа му е главниот адут со кои што сака да избоксува на некој начин предвремени парламентарни избори, со што ги убедува амбасадите и странските партнери дека тоа може да се случи со изгласување на нова Влада, и со евентуално ново парламентарно мнозиство, изјави Ромевски за „Локално“.

Политикологот Шпат Исени смета дека Владата е пред главниот предизвик да ги собере гласовите на пратениците кои се подготвени да гласаат за неопходните уставни измени.

Според него, за да се постигне целта, неопходни се различни комбинации во овој период.

– Конечната цел мора да се постигне по секоја цена. Ковачевски од преземање на мандатот отсекогаш се трудел да ја остави отворена вратата за сите парламентарни партии да се приклучат на караванот што ја испраќа Северна Македонија пред вратите на Европската унија. Вратите на владата се отворени за секој што може да придонесе за големото достигнување на нашата земја и важно е да се унапреди процесот кон финализирање што е можно поскоро, изјави за „Локално“ Исени.

Д.Ј.

Слични содржини