Со поддршка од 80 пратеници, донесен Законот за одбрана

од Aleksandar Todeski

Со осумдесет гласа „за“, ниту еден против и воздржан, Собранието го донесе Законот за одбрана. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на гласањето за Законот.

Пратеничката од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Нола Исмајлоска-Старова посочи дека тие ќе го поддржат и дека ВМРО-ДПМНЕ веќе гласале „за“ Армија на Република Северна Македонија.

„Закон за службата во Армијата на Република Северна Македонија е веќе донесен. Во предлог Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, во наслов, зборовите Република Македонија се заменуваат со Република Северна Македонија, а за ова гласаа пратениците Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Иванов, Слаѓана Митевска, Никола Мицевски – координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, гласаше за Армија на Република Северна Македонија“, рече пратеничката Исмајлоска-Старова.

А.Т.

Слични содржини