Со Windows 10 е завршено, Microsoft го потврди крајот на поддршката

од Vladimir Zorba

Microsoft го заврши објавувањето на главните ажурирања на Windows 10.

Верзијата позната како „22H2“ е актуелната и финалната верзија на овој оперативен систем, а Microsoft соопшти дека ќе продолжи да објавува само безбедносни надградби за антивирусот до 14 октомври 2025 година, кога ќе заврши тој облик на поддршка.

Windows 10 е на пазарот од 2015 година и постојано добиваше „нови верзии“ (21H1, 21H2, 22H1, 22H2…), покрај редовните месечни безбедносни надградби.

Откако беше објавена „единаесетката“, Windows 10 добиваше сè поскромни ажурирања, а најновата верзија 22H2 не донесе ниту една нова функција, туку само корекции, пренесува CNET.

Слични содржини