Собранието без кворум: Пропадна обидот за избор на собраниски потпретседател

од Берта Китинска

На последниот ден пред колективниот одмор претседателот на Собранието Талат Џафери ја свика седницата за избор на потпретседател, но, во собраниската сала немаше 61 пратеник за избор на нов собраниски потпретседател – пратеникот Хисни Исмаили од Алтернатива.

Опозицијата оценува дека именувањето на Хисни Исмаили за потпретседател на Собранието е со цел да се обезбеди кворум.

Во своето обраќање од говорницата Мицевски му порача на Исмаили како не треба да работи, по што претседателот на Собранието Талат Џафери одговори на одредени тврдења.

Пратеникот Хисни Исмаили рече дека се обраќа на македонски јазик во знак на почит кон Македонците, а посбено кон македонскиот јазик во ова, како што кажа, „време и невреме за македонскиот јазик”.

„Исмаили, денеска, утре или после еден месец ќе бидете избран за потпретседател на Собранието бидејќи мнозинството од 64-те пратеници се зад вас. Ама не од овие овде што глумат дневна политика. Не, со вакви“, рече Талат Џафери, претседател на Собранието.

Пратениците заминуваат на одмор, а активностите ќе ги продолжат на 30 август.

Слични содржини