Сончево со мала локална облачност, наредните денови ќе продолжи топлото време

од Radmila Tasevska

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

Како што најавија од УХМР, во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на релативно топло време за овој период од годината. Во вторник и среда наутро понекаде во котлините ќе има утринска магла, а преку денот зголемена облачност. Услови за повремен дожд ќе има во среда и ноќта кон четврток, а потоа преку денот во четврток и позначително намалување на температурата.

Слични содржини