Сообраќајка во Скопје: Излетал од коловозот и удрил во земјен брег

од desk2

Вчера утрината околу 07:45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на обиколница пред клучката Мирковци, 28-годишниот Д.К. од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Пежо 206“ со скопски регистерски таблици излетал од коловозот, удрил во земјен брег и повторно се вратил на коловозот по што запрел на помошната лента за запирање на возила.

По случената сообраќајна незгода Д.К. со возило бил пренесен во Градската општа болница „8- ми Септември“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди по што бил задржан на понатамошно лекување.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Слични содржини