Сопруга на српски фудбалер со расистички објави ја брани полицијата во САД: „Тепајте ја уште посилно таа стока смрдлива“ (фото)

од Nikola Popovski

Сопругата на српскиот фудбалер и повремен репрезентативец Александар Катаи предизвика лавина коментари на социјалните медиуми по радикалните коментари за протестите во САД.

Теа Катаи ги изнела своите радикални ставови и барала од полицијата уште повеќе да ги тепа демонстрантите.

„Полицијата требаше да ве тепа уште повеќе, стока смрдлива“, напиша таа на Инстаграм со прикачена слика каде тројца демонстранти брутално претепале постара жена.

Теа споделила голем број на објави со своите следбеници на социјалните мрежи. Имало голем број грабежи низ САД, но и напад врз црква што особено ја изнервирало сопругата на Катаи.

„Одвратните говеда ги палат црквите“, напишала таа.

Од друга страна, Александар Катаи не се огласил по повод ситуацијата во САД. Поранешниот фудбалер на Црвена звезда во моментов е член на Лос Анџелес Галакси, а настапувал и за Чикаго Фајр.

Слични содржини