📽 Сопругата на Навални: Го кријат неговото тело, чекајќи да исчезнат трагите од новичок

од Stefanija Kuzmanovska

Јулија Навалнa, сопругата на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, објави видео во кое вели дека нејзиниот сопруг бил отруен со новичок.

Таа ги обвини руските власти дека го кријат телото на Навални.

„Го кријат неговото тело, чекајќи да исчезнат трагите од новичок од неговото тело“, наведе вдовицата на Навални.

Таа, исто така, се заколна дека ќе ги објави имињата на оние кои учествувале во смртта на нејзиниот сопруг и ќе открие зошто бил убиен.

Јулија се огласи откако портпаролката на Навални изјави дека на мајката на рускиот опозициски лидер и на неговиот адвокат не им било дозволено да влезат во мртовечницата за да го видат неговото тело денеска.

Слични содржини