Советници од 6 партии и една независна листа во Советот на Град Скопје

од Vladimir Zorba

Вкупно шест политички партии и една независна кандидатска листа имаат освоено советнички места во новиот Совет на Град Скопје, според резултатите објавени на вебстраницата на Државната изборна комисија за Локалните избори 2021.

Најмногу советници има ВМРО-ДПМНЕ – 18, потоа следуваат СДСМ – 12, ДУИ – 5, Левица – 4, АА/А – 2, ЛДП/ДОМ – 2 и Зелен хуман град – 2
советнички места.

Советот брои 45 места, а за мнозинство се потребни 23 советнички места.

Вкупно гласале 229.725 избирачи, од кои 217.706 се важечки и 12.019 се неважечки гласачки ливчиња.

Слични содржини