Советот за безбедност на ОН не ја усвои руската нацрт-резолуција за „Северен тек“

од Vladimir Zorba

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска не ја усвои нацрт-резолуцијата за формирање меѓународна независна комисија за истрага на саботажата на гасоводите Северен тек 1 и 2, кои ги поврзуваат Русија и Германија, пренесе РИА Новости.

Русија, Кина и Бразил гласаа „за“, додека останатите земји беа воздржани.

За да се донесе каква било резолуција во Советот за безбедност на ОН, потребни се најмалку девет гласа од членките на Советот за безбедност на ОН без вето на Русија, Кина, Франција, САД или Велика Британија, додава Ројтерс.

Слични содржини