SpaceX: Одложено лансирањето на вселенско летало на Месечината поради технички проблеми

од Stefanija Kuzmanovska

Планираното лансирање на вселенско летало на Месечината беше откажано помалку од два часа пред полетувањето кое требаше да се случи денеска, соопшти изведувачот на лансирањето, SpaceX.

SpaceX, приватната ракетна и сателитска компанија на милијардерот Елон Маск, на платформата X соопшти дека тимот за лансирање „се откажал од обидот“ поради неправилните температури на метан при последните подготовки.

Компанијата додаде дека следниот обид за лансирање на вселенското летало без екипаж е закажан за четврток во 01:05 часот по средноевропско време, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини