Спасовски: Ако јакне демократскиот капацитет на институциите, ќе јакне и демократијата генерално во едно општество

од Vladimir Zorba

„Интенција на секој еден треба да е јакнење на демократскиот капацитет на институцијата. Ако јакне демократскиот капацитет на институциите, ќе јакне и демократијата генерално во едно општество”, вели МВР Оливер Спасовски во интервју за СП, додавајќи дека најважно за еден политичар е да го слуша внатрешниот критичен глас, бидејќи покрај опсервациите од надвор, од луѓето кои ја следат работата на политичарите, покрај добиените забелешки, критики и пофалби, најсилна е самокритичноста.

Одговарајќи на прашање како се гледа себеси како политичар, Спасовски со став дека себеси си би се карактеризирал како еден непоправлив реалист: „Сакам да ги гледам реално работите кои ни се случуваат, секако со една визија за работите на долгорочна основа. Не од денеска за утре, туку подолгорочна, а остварлива, која што ќе донесе подобро утре за граѓаните, просперитет… Заради тоа што никогаш не е доволно добро она што го правите во општеството, секогаш има нешто што можете плус да направите, да го додадете – принципиелноста, чесноста, одговорноста пред граѓаните, да бидете близок до граѓаните, да ги слушате нивните идеи и потреби….”

Слични содржини