Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / Спасовски: Домашна платежна картичка и за пензионери и неактивни баратели на работа

Спасовски: Домашна платежна картичка и за пензионери и неактивни баратели на работа

Носителот на листа во ИЕ 2 и премиер, Оливер Спасовски најави економска поддршка и за нови категории граѓани како дел од поддршката за справувањето со последиците на економски план, од здравствената ситуација.

– Најавувам четврти сет мерки и сите пезионери кои примаат пензија до 15.000 денари и неактивните баратели на работа, што се пријавуваат на шест месеци, ќе добијат исто така домашна платежна картичка, посочи Спасовски во интервју за ТВ Шутел.

Тој ги објасни трите сета мерки за поддршка на ранливите групи граѓани, вработените и бизнисите со коишто се помогна преку домашната платежна картичка, ваучерите за туризам и бескаматните кредити за фирмите.

Спасовски вели дека ја градат земјава како социјална држава што е уставна обврска.

– Најавувам дека наскоро ќе започне со градба социјаланата зграда во Шуто Оризари со 52 стана. Но, нашата цел е луѓето да не живеат од социјална помош, туку да извлекуваме од сиромаштија. Овде се изгради и една од најубавите градинки. Направивме реконструкција на училиштето „Браќа Рамиз и Хамид“, ги интегрираме Ромите во институциите, да се образуваат, работат и отвораат бизниси, потенцира Спасовски.

Коалицијата „Можеме“, вели тој, знае каде ја води држаата.

– Од режим ја донесовме на правиот пат кон НАТО и ЕУ и продолжуваме по правиот пат, рече Спасовски.

loading...