Спасовски: Можеме да се пофалиме дека 48% од раководните позиции во МВР се доверени на жени

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во негово и во име на раководството на МВР утрово го честита 8 Март – Меѓународниот ден на жените, со желби за добро здравје и успеси на сите полиња. Спасовски порача дека во последниве неколку години МВР докажа дека постои и волја и желба отворено да се дискутира на темите за родова еднаквост и недискриминација, но и да се преземат конкретни чекори во создавањето на економски силни, одважни и самостојни жени и девојки.

-Денес навистина можеме да се пофалиме со еднаквост во одлучувањето, бидејќи на ниво на организационите единици во рамки на МВР 48% од раководните позиции се доверени на жени. Исполнетоста на принципот на застапеност на жени на раководни позиции е евидентна и во рамки на Бирото за јавна безбедност.

Така, жените се на раководни позиции на Оддели како помошници директорки, началнички, командирки на полициски станици или на полициски одделенија, жените се вклучени и во Одделот за специјални полициски операции, поточно во Единицата за брзо распоредување, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, жените ги покажуваат своите врвни професионални перформанси во Одделот за воздухопловни единици и Единицата за интервентна полиција, што порано не беше случај, наведе Спасовски на социјалните мрежи.

Тој информира дека ковиот Колективен договор помеѓу МВР и МПС е прв колективен договор во државната управа кај нас, во кој се употребуваат родовиот речник и терминологија, а во кој е предвиден и паричен надомест во висина од 100 евра во денарска противвредност на жени вработени во МВР кои ќе се реализираат како мајки, за секое новородено дете.

Слични содржини