Спасовски: На Јанкуловска ѝ беше оставен простор од половина час да се поздрави со семејството

од Nikola Popovski

На новинарско прашање, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за отвореното студио на ТВ 24 изјави дека од човечки аспект ѝбил оставен простор на Гордана Јанкуловска да се поздрави со семејството од околу половина час, односно не е веднаш спроведена во затвор после врачувањето на актот.

„Ако акцијата за спроведување на Јанкуловска не беше експресна ќе ме прашавте зошто чекате и зошто уште се губи време за тоа. Постапката беше врз основа на наредба од судијата за извршување на санкции врз основа на пресудата на Врховниот суд и така беше спроведена во затворот „Идризово“. Наредната гласеше веднаш да се приведе лицето и моравме врз основа на тоа брзо мораше да реагираме. Законот мора да важи подеднакво за сите“, соопшти Спасовски.

Тој додаде дека имало многу сознание за лицето и поради тоа имало набљудување на домот на поранешната министерка за внатрешни работи.

Слични содржини