Спасовски: Нема официјални разговори со опозицијата

од Aleksandar Petrovski

Премиерот Оливер Спасовски во отворното студио на ТВ 24 говореше за начинот на кој  би се одвивале изборите.

„Изборите треба да се одржат како што е пропишано во уставот и законите и уредбата се донесен за волја на партиите. 22 дена ни остануват од изборните дејствија. Датумот е 5 јули.“ – вели Спасовски.

Има и алтернативни мерки за организирање на изборите, односно како ќе оди промовирањето на програмата на партиите. Доколку не стивне новиот бран, премиерот рече дека ќе ја следат ситуацијата и врз основа на тоа ќе реагираат. Мицкоски изјави дека нема да оди на избори ако не стивне бројката.

„За нас е многу важно да имаме функционални институции. Сега не работи парламентот и немаме можност да носиме законски одлуки. Имаме недостаток од извршна контрола на парламентарната власт. Мислам дека сите политички партии ќе си направат сопствена анализа и ќе учествуваат на изборите. СДСМ не бега од било каква комуникација со опозицијата. Во секој момент комуникација може да има и да се разговара за сите взаемни интереси, официјални разговори нема.“ – рече Спасовски.

Спасовски смета дека е најдобро е имаме учество на опозицијата на изборите и секој од нив треба да знае да се штити интересот и здравјето на граѓаните. Истакна дека нема потреба од воведување на нова вонредна состојба.

Слични содржини