Спасовски: Нема потреба да се менува уредбата за избори

од Берта Китинска

Владата има донесено уредба со законска сила за роковите за одржување на изборите и нема потреба таа да биде менувана. Уредбата се покажа исправна и во правниот систем на Република Северна Македонија и Уставниот суд оцени дека е заснована на Уставот и на законот, изјави премиерот Оливер Спасовски.


– Таа уредба ги одложи изборните дејствија, ги замрзна роковите, затоа што во вонредна состојба тие се ставаат вон сила. Тука треба да го имаме предвид уставниот рок од 60 дена за одржување на парламентарните избори од денот на распуштање на Собранието. Ако нешто друго треба да се дополни во овој период, во смисла на рокови во рамките на тие 60 дена, тоа е веќе прашање на дополнување на уредбата. Но, ние имаме уредба и таа нема потреба да биде менувана, истакна Спасовски одговарајќи на прашања околу влидината Уредба за изборите на прес-конференцијата посветена на третиот сет економски мерки за ублажување на последиците од пандемијата.

Тој не одговори конкретно на прашањето дали на претстојните избори ќе гласа дијаспората.

Слични содржини