Спасовски: С. Македонија е најбезбедна од земјите на Западен Балкан

од Nikola Popovski

Република Северна Македонија е најбезбедна од земјите на Западен Балкан, со скок од 97 места во 2017 година и четири позиции повисоко рангирана од лани. Или, според Глобалниот индекс на мир (GPI – Global Peace Index), годинава сме во друштвото на 36 најбезбедни држави во светот. Проценувајќи неколку аспекти на мирот, вклучително општествена безбедност, Глобалниот индекс на мир е корисна алатка за анализа до каде сме стигнале во нашите заложби, информира министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Спасовски истакнува дека постоечкото раководство на МВР поставило три важни приоритети пред себе: професионализација, департизација и декриминализација. Според нивната тежина, вели тој, тоа беа најважните суштински прашања со цел да се врати чувството на безбедност и сигурност кај граѓаните и, секако, довербата во институцијата.

-Горд сум на реформите што ги направивме. Горд сум и на резултатите на полицијата. Нејзината ефикасност во сите области на безбедноста од година во година бележи напредок, што беше потврден и во годинешниот Извештај за напредок на ЕК, особено во имплементацијата на Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот, во борбата против трговијата со дрога, во донесувањето стратешки документи од областа на граничното управување и миграцијата, напредок и во унапредувањето на капацитетот за финансиски истраги, како и во меѓународната полициска соработка, посочува првиот полицаец.

Министерот потенцира дека денес полицијата е во служба на граѓаните, а МВР е една од најтранспарентните институции со најголема доверба врз релевантни истражувања.

-Како земја членка на НАТО, земја која ги почна преговорите со Европската Унија, промотор за мирот и стабилноста во регионот, но и чувар на просперитетот и сигурноста на граѓаните, наша обврска е да продолжиме да ја унапредуваме полицијата, бидејќи безбедноста е основа за функционирање и просперирање на секоја демократска држава, стои во објавата на Спасовски.

Слични содржини