Спасовски: За 4 години во новиот мандат ќе затвориме 80 проценти од поглавјата со ЕУ

од Nikola Popovski

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, вечерва се обрати на граѓанската трибина во скопската општина Ѓорче Петров и изјави дека поминавме три години од хибридниот режим.

„Создадовме држава во која сите сме слободни, владее демократија, никој повеќе не нè дели, сите сме едно, затоа што секој е важен. Создадовме држава ценет меѓународен партнер, држава која знае да решава прашања. Денеска заедно со Грција и Бугарија одиме напред, кои се наши лобисти, заедно станавме дел од НАТО, заедно ќе станеме и дел од ЕУ. Ја гарантираме стабилноста и безбедноста на земјата. Ако немате безбедност нема развој. За три години ги отворивме преговорите за членство во ЕУ. Ветуваме дека за 4 години во новиот мандат ќе затвориме 80 проценти од од поглавјата. Ќе бидеме на прагот од членството“, изјави Спасовски.

Тој посочи дека ние сме првата земја која не е членка на ЕУ, а ја спроведува младинската гаранција.

„Околу 40 илјади се вклучија во проектот за младинската гаранција. Повеќе од 11 илјади млади луѓе најдоа вработување во изминатите 3 години, благодарение на користењето на проектот за младите.

Слични содржини