Спасовски: Жално е што кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ не доаѓаат на дебати

од Nikola Popovski

„Имавме исклучително тежок мандат со тешки одлуки, ја затекнавме државата, која беше заробена како што ја нарекуваа европските институции. Ја вративме слободата и демократијата, градевме инфраструктура, правевме одредени реформи во социјалата, образованието, за првпат сериозно се занимававме со заштита на животната средина и чистиот воздух“, изјави Оливер Спасовски за емисијата „Топ тема“.

Тој јавно побара чист 4-годишен мандат во кој што ќе се реализираат низа проекти кој што значително ќе го подобрат животот на граѓаните.

За претходниот период, тој нагласи дека во Собранието сите прогресивни сили кои биле внатре без разлика на која партија, кои чекореле со владата во овој дел за европските интеграции, се вградени во темелот на влезот во НАТО и отворањето на преговорите со ЕУ.

„Оние кои што останаа закопани и заробени во минатото, сега почнаа да не доаѓаат да дебатираат и тоа е жално. Тие повторно се враќаат во тоа време. Единствено ВМРО-ДПМНЕ остана на страна и не и помогна на државата“, изјави Спасовски, посочувајќи на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој не беше дел од вечерашната дебатна емисија.

Слични содржини