Спектакуларната венчаница на ѕвездата од серијата на „Нетфликс“ ги воодушеви сите

од Radmila Tasevska

Маева Д’Асканио и Џејмс Тејлор станаа познати во реалити серијата на Нетфликс „Made in Chelsea“ и верно ја прикажаа својата приказна на малите екрани на сопствената свадба на гламурозна церемонија, пренесе Стандард лајф.

Оваа серија ги следи добростоечките млади Британци додека се соочуваат со предизвиците на високата средна класа, и иако никогаш не ги освои критичарите, може да се пофали со вистинска армија обожаватели.

Дотолку повеќе што венчавката на Мејв и Џејмс привлече големо медиумско внимание, а парот ги исполни големите очекувања и блесна на раскошната венчавка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by M A E ⚡️⚡️ (@maevadascanio)

Ѕвездите од серијата „Made in Chelsea“ се венчаа во Chelsea Old Town Hall во ноември, една година по раѓањето на детето, но не сакаа да останат само на легалната церемонија и на крајот на 2023 година изјавија дека го кажале судбоносното „да“ уште еднаш – и тоа во луксузната Hedsor House во Бакингемшир.

Маева ја избра својата венчаница од Лиз Мартинез од PS Bridal Rental, а се одлучи за свилена и чипкана тоалета до подот со рачно извезени цветови и вградено елече. Таа додаде превез од Eden b. Studio и чевли од Jimmy Choo.

„Беше малку проѕирна, но и традиционална, па успеав да комбинирам класичен со модерен стил во еден фустан“, изјави таа за магазинот Hello.

Но, освен сензуалното деколте, големо внимание привлекоа и цветовите од тантела кои ги видовме на ревиите пролет/лето на бројни модели на венчаници, па стана јасно дека токму овој детаљ ќе биде незаменлив во 2024 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ALEXANDRA GRECCO (@alexandragrecco)

Слични содржини