СПРЕЧЕН ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД: Радикален исламист сакал да разнесе стадион во Унгарија (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Унгарската антитерористичка единица уапси човек осомничен дека планирал да постави експлозивна направа за време на еден од натпреварите на стадионот „Пушкаш арена“ во Будимпешта.

Шефот на антитерористичката единица, Јанош Хајду, за телевизијата АТВ изјави дека го следеле осомничениот повеќе од еден месец, при што тој разговарал за нападот и набавката на експлозиви со истомисленици преку Интернет.

Тој исто така изјави дека за време на истрагата за начинот на радикализирање на овој унгарски државјанин, тој положил заклетва пред Исламската држава и планирал напад.

Унгарските медиуми наведуваат дека уапсениот планирал да активира експлозив за време на натпревар во Будимпешта „Пушкаш арена“ со капацитет од 70.000 гледачи.

Исто така, имал план со автомобил да влета во толпа минувачи.

Слични содржини