Србиновски по новиот обид за пукање врз Трамп: Стабилна Америка е предуслов за стабилна и силна Македонија

„Институциите функционираат, но општествениот консензус слабее“, вели аналитичарот за состојбите во САД

од Nikola Popovski
32 прегледи Александар Србиновски - Фото: Архива

„Она што е многу побитно за нас во Македонија е дипломатска перспектива на овие немили случувања, а тоа е фактот дека инцидентот е олицетворение на ранливоста на еден силен систем: институциите функционираат, но општествениот консензус слабее.

Кога безбедносните прашања стануваат идентитетски, тогаш и најмоќните демократии тешко наоѓаат одржливо решение“, вели за „Локално“, воено-безбедносниот аналитичар и новинар, Александар Србиновски, за последните случувања во САД и третиот обид за атентат на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според Србиновски, стабилна и силна Америка е предуслов за стабилна и силна Македонија.

Обид за атентат на Трамп – сигнал за состојбата на американската демократија: „Ефектот ќе зависи дали јавноста ќе го гледа ова како индивидуален екстремизам или доказ за системски безбедносен пропуст“