Средба во МОН за емитувањето воспитно-обрaзовна програма за децата додека се дома поради коронавирусот

од Vladimir Zorba

Во Министерството за образование и наука, денеска ќе се одржи средба во врска со постапување согласно заклучокот на Владата на Владата на Република Северна Македонија за емитување на воспитно образовна програма наменета за деца во предучилишна возраст и ученици од основно образование во периодот додека детските градинки и училиштата се привремено затворени.

На средбата ќе присуствуваат министерот за образование и наука Арбер Адеми со заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, претставници на неколку други образовни институции и на УНИЦЕФ, претставници на МРТ, претставници на граѓански здруженија и организации.

Слични содржини