„Средство за смирување за Киев“: Медведев се огласи за кокаинот пронајден во Белата куќа

од Stefanija Kuzmanovska

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, го коментираше фактот дека во Белата куќа е пронајден кокаин, наведувајќи дека, судејќи по се, наместо американски борбени авиони Ф-16, „за киевското чедо подготвиле средство за смирување“.

„Пронајден е кокаин во Белата куќа. Изгледа, наместо Ф-16, за киевското чедо подготвиле средство за смирување“, напиша Медведев на Твитер.

Белиот прав во Белата куќа бил пронајден во неделата вечерта од соработници на американската тајна служба кои биле во обиколка на зградата, по што била најавена евакуација. Подоцна со вештачење било утврдено дека белиот прав пронајден во западното крило на американската администрација бил кокаин.

Слични содржини