Српски државјанин фатен на дело додека ограбувал црква во Битола

од Nikola Popovski

Српски државјанин бил фатен на дело како ограбува црква во Битола, соопштија од МВР.

Во текот на денот од страна полициски службеници од полициската станица од општа надлежност при СВР Битола лишен од слобода бил Н.М.(36) од Р. Србија.

-Тој бил фатен на дело додека извршувал тешка кражба во црквата „Св. Недела“ во Битола, од каде одзел пари. Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, појаснуваат од полицијата.

Слични содржини